мвр
193 санкционирани возачи во Скопје
13.02.2024 08:16
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 193 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, 19 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за поминување на затворен сигнал – црвено светло, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за некористење сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.
