Струга

Проблеми со греењето во училиштата

06.12.2013 09:39

Неколку години наназад училиштата во Општина Струга немаат греење или пак поради заштеда на постоечките количини наставата се одвива со скратени часови. Причина за ваквите состојби се нивните блокирани сметки каде вкупниот долг изнесува над 2 милиони евра, потврдуваат од Општина Струга.

  • По нашето барање до Владата на Република Македонија  како и Бирото за резерви на нафта добивме позитивно мислење и ни ветија 100 тони за потребите на училиштата во Струга каде 50 тони ќе стигнат до Нова година, а останатите 50 после нова година, информира Лавдрим Елмази, раководител на секторот за образование во Општина Струга,вели  Лавдрим Елмази, раководител на секторот за образование во Општина Струга

Надлежните во локална самоуправа се надеваат дека третиот јавен повик за затоплување на училиштата ќе биде успешен и со тоа ќе се надмине овој проблем во струшките образовни установи. На ваквите состојби реагираа и од Општинската организација на СДСМ во Струга:

-Потсетуваме дека неколку години наназад учениците учат во ладни училиници, а во дел од училиштата заради нормално одвивање на наставата учениците сами носат дрва за огрев од своите домови, истакна претседателот на струшката СДСМ, Даме Ложанкоски оцени

Даме Ложанкоски - претседателот на струшката СДСМ

-Јас кога учев немаше ладни училници. Зборувам и како родител треба да се најде решение, вели Ардијан Демири.

Изминатите години во текот на зимскиот период поради ваквите проблеми често пати во дел од струшките училишта имаше прекин на наставниот процес.

Јованчо Наумовски