Македонија
Во Собранието изгласани законските измени за продолжување на важноста на возачките дозволи до крајот на годината
13.02.2024 08:33
Личните карти, возачките и сообраќајните ќе важат само дома …

Во Собранието консензус меѓу партиите, по итна постапка изгласани законските измени за продолжување на важноста на возачките дозволи, за домашна употреба, до крајот на годината. Неизбежни и обвинувањата што во последен момент се бара решение.
Најнезадоволни се граѓаните.
Претседателот Пендаровски го потпиша указот на законските измени за возачките дозволи. Претходно изјави дека е неприфатливо македонските граѓани кои се веќе изложени на сопствен трошок, да менуваат документи. Шефот на државата сепак задоволен што се најде времено решение.
