САД

Трамп побара од Врховниот суд да ја суспендира одлуката за одземање на неговиот претседателски имунитет

13.02.2024 08:47

Следниот чекор на Врховниот суд е да го одобри или да го отфрли барањето на Трамп за одложување...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп побара од Врховниот суд да ја суспендира одлуката на понискиот суд за одземање на неговиот претседателски имунитет од гонење. Следниот чекор на Врховниот суд е да го одобри или да го отфрли барањето на Трамп за одложување.

Доколку Врховниот суд не донесе одлука против Трамп, голема е веројатноста тој да биде противкандидат на актуелниот демократски претседател Џо Бајден на изборите во ноември.