свет
Меѓународниот Кривичен суд ги истражува сите наводни злосторства во Газа
13.02.2024 08:58
Обвинителот Карим Кан рече дека судот активно ги истражува сите наводно извршени злосторства и дека оние кои го прекршуваат законот ќе одговараат...

Меѓународниот Кривичен суд ги истражува сите наводни злосторства во Газа. Обвинителот Карим Кан рече дека судот активно ги истражува сите наводно извршени злосторства и дека оние кои го прекршуваат законот ќе одговараат. Шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон оцени дека Израел треба добро да размисли пред да почне нова воена операција во Рафа.
Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи Жозеп Борел пак со апел до САД да ја преиспитаат својата воена помош за Израел поради големиот број цивилни жртви во Газа.
