Седница на две собраниски тела
Во Собранието денеска седници ќе одржат Комитет за односи меѓу заедниците и Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите...

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комитет за односи меѓу заедниците и Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.
Извештајот за работата на Комитетот за односи меѓу заедниците за 2023-та година е единствена точка на дневниот ред на ова собраниско тело.
Членовите на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите треба да ги разгледаат Годишниот финансиски план за 2024-та година на Оперативно-техничката агенција за средствата од надоместоците од Агенцијата за електронските комуникации и Годишниот извештај за работата на оваа комисија за 2023-та година.
