Македонија

Маричиќ од денеска во Брисел

13.02.2024 09:18

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ од денес престојува во дводневна работна посета на Брисел, Белгија...

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ од денес престојува во дводневна работна посета на Брисел, Белгија.

Целта на официјалната посета на Вицепремиерот Маричиќ е во рамки на редовните планирани средби меѓу кои со Марко Маковец – заменикот на генералната директорка за Западен Балкан во Службата за надворешна политика на ЕУ (ЕЕАС), состанок со Министерката за надворешни работи на Белгија Хаџа Лахбиб, состанок со генералниот директор Герт Јан Копман, ГД НЕАР како и средба со Симон Мордју, дипломатски советник на Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел за надворешна политика.

Во продолжение од престојот во Брисел, првиот заменик претседател на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ ќе биде дел од официјалната делегација предводена од Премиерот Џафери во Брисел, Белгија.