МВР

Претрес во скопско, приведен дилер на дрога

13.02.2024 09:24

На 12.02.2024 во 15.10 часот во с. Волково, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(31) од Волково...

На 12.02.2024 во 15.10 часот во село Волково, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(31) од Волково, информираат од МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, била пронајдена и одземена марихуана.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.