Руско - украински конфликт

Во руски напад погодена термоцентрала во Дњепар

13.02.2024 09:52

Дел од жителите се без вода поради прекин на струјата. Нападот е извршен со проектили и четири групи дронови од повеќе правци...

По најновата серија воздушни руски напади оштетена е термоцентрала во Дњепар, соопштија украинските власти. Дел од жителите се без вода поради прекин на струјата. Нападот е извршен со проектили и четири групи дронови од повеќе правци.

Ракетни удари и во Запорожје и Херсон. Во истовреме, ЕУ ја одобри правната основа за користење на приходите од замрзнатите руски средства, како би можела да ја поддржи Украина во иднина.

Според планот, би можеле да и бидат доделени 15 милијарди евра во наредните четири години.