Њујорк
Вооружена пресметка на тинејџери во метро во Бронкс
13.02.2024 10:12
Инцидентот се случил по расправија меѓу две групи тинејџери во најголемиот сообраќаен метеж...

Едно лице загина, петмина се повредени во пукање на метро станица во Бронкс, Њујорк. Инцидентот се случил по расправија меѓу две групи тинејџери во најголемиот сообраќаен метеж. По стрелецот сè уште се трага.
„Не веруваме дека ова било случајно пукање. Не веруваме дека ова лице пукало неселективно во воз или на станица. Од шесте лица кои биле застрелани, четири се машки и две женски сите на возраст од 14 до 71 година. Убиениот има 34 години“, изјави Мајкл Кемпер, началник за транзит на полицијата во Њујорк.
