Грција
Силно невреме на Родос, регистриран и земјотрес
13.02.2024 10:14
Потресот се случил во морската област на 67 километри југоисточно од Карпатос...

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтер утрово ја погоди Грција. Потресот се случил во морската област на 67 километри југоисточно од Карпатос.
Во истовреме силно невреме беснее на Родос. Град, силна бура и торнадо корне дрвја, а поради високиот водостој на патот, дел од граѓаните останаа заробени во автомобилите.
