Македонија

Од денеска важат само исправите со новото име за патување надвор од државата

13.02.2024 10:24

Граѓаните со старите патни исправи воопшто да не се обидуваат да излезат од државата, апелираат од полицијата. Оние со двојно државјанство ќе можат непречено да ги користат исправите од другите држави...

Од синоќа на полноќ истече преодниот рок од пет години, односно одредбата од Преспанскиот договор, со која престануваат да важат патните исправи и документите за меѓународна употреба кои го содржат старото име на државата, Република Македонија.

Македонските државјани кои по 12-ти февруари се затекнати во странство и имаат стари патни исправи ќе можат да се вратат во земјава со патен лист, издаден во дипломатско-конзуларните претставништва. За разлика од пасошите, личните карти ќе важат, но само на територијата на нашата држава.

Граѓаните со старите патни исправи воопшто да не се обидуваат да излезат од државата, апелираат од полицијата. Оние со двојно државјанство ќе можат непречено да ги користат исправите од другите држави.

За оние држави со кои имаме билатерални договори за патување со лична карта, граѓаните нема да бидат враќани од нашите гранични полициски службеници, доколку се со старите лични карти, но не гарантираат дали ќе бидат примени во другите држави.

Во „Македонија наутро“ од граничниот премин „Табановце“ известува Елена Георгиевска