Митрески утре ќе ги распише претседателските избори
Во тек се консултации дали во ист ден ќе се распишат и парламентарните, кои треба да се одржат на 8-ми мај, вели во интервју за МИА, спикерот Митрески.

Претседателот на Собранието утре ќе ги распише претседателските избори. Во тек се консултации дали во ист ден ќе се распишат и парламентарните, кои треба да се одржат на 8-ми мај, вели во интервју за МИА, спикерот Митрески.
„Претседателските избори ќе бидат распишани на 14-ти февруари затоа што тоа е моја уставна обврска, обврска што произлегува од Уставот. Во Уставот пишува од 70 до 90 дена од одржувањето на избори. Фактички првиот круг на претседателските избори е 24 април, што значи 70 дена назад тоа е 14-ти февруари и тогаш ќе бидат распишани претседателските избори. Се уште не сум донел одлука дали во исти ден ќе се распишат и редовните парламентарни избори. Правам некои консултации со службите во Собранието. Ако нема пречка зошто тоа не би го направил и во истиот ден“, рече Митрески.
Тој вели дека доколку не се распишат истовремено изборите секако би ги почитувал уставните рокови, а тоа е 70 дена од денот на одржување на редовните парламентарни избори.
