Спречен шверц на 4,4 тони месо од дивеч ризичен по здравјето на граѓаните
На терминал на граничен премин Табановце, инспектори со скенер извршија контрола којашто покажа дека во возилото освен декларираната стока има и друга стока која не е опфатена со царинската декларација...

Мобилен тим на Секторот на контрола и истраги спречи шверц на 4,4 тона месо од дивеч ризичен по здравјето на граѓаните, што возач на камион во сопственост на грчка фирма сакал да го внесе во државава, соопштуваат од Царинска управа.
Месото од дивеч во вредност од 4 милиони денари, ниту било декларирано во царинската декларација ниту пак превозникот за него имал соодветен сертификат, и дозвола од соодветната надлежна институција – Агенција за храна и ветеринарство.
На терминал на граничен премин Табановце, инспектори со скенер извршија контрола којашто покажа дека во возилото освен декларираната стока има и друга стока која не е опфатена со царинската декларација. По отворање на возилото во 29 пластични палети е пронајдено замрзнато месо од разен дивеч, зајаци, фазани, еребици, за кои не поседувал никаква документација, се наведува во соопштението.
Потив сторителот е поднесена кривична пријава заради прекршување на Кривичниот законик.
