Моноспитово ќе добие детска градинка
Продолжува проектот на Министерството за труд и социјална политика за реконструкција на центрите за социјална помош во сите опшини, а паралелно со него и проектот за изградба на детски градинки во руралните средини. Од септември во нова градинка ќе влезат деца од село Моноспитово...

Четириесетина деца од Моноспитово, но и околните села од септември ќе бидат згрижени во градинка. Во тек се активностите за реконструкција и адаптација на објектот на поранешната училишна кујна во воспитно образовна институција за предшколска возраст. Министерот за труд и социјална политика вели, Диме Спасов, вели дека со ова продолжува реализацијата на проектот „Детски градинки во рурални средини“.
„Станува збор за вкупна инвестиција од околу 5,5 милиони денари, од кои 3 милиони се издвојуваат од буџетот на Министерството за труд и социјална политика, а исто така и општината учествува во опремување на објектот со дел од финнансиските средства“, изјави министерот Спасов.
Градоначалникот на Босилово, Љупчо Колев најави и изградба на градинка во општинскиот центар што ќе се реализира преку делегирањето на надлежностите на локалните власти за детска заштита.
„И понатаму планираме на територијата на нашата општина да отвориме и други такви капацитети, а ќе ги користиме сите можности, дали преку Министерството или преку форми на јавно- приватно партнерство, а во моментов сме во фаза на урбаницирање на локација во нашето централно село, Босилово“, изјави градоначалникот Колев.
Од министерството истакнаа дека ќе бидат концентрирани на струмичкиот регион. И градинката во василево треба да почне со работа во септември.
Катерина Давчева
