Џафери: Се преземаат процедури за да се обезбедат соодветните документи за граѓаните
Граѓаните да си ги заменат документите со новото име на државата, порача техничкиот премиер Талат Џафери за коментар на состојбата на 650 илјади македонски граѓани кои до денес не можат да ја напуштат државата поради неважноста на нивните пасоши...

Засега решено е прашањето со користењето на личните документи во државата. За нивно користење во странство се преземаат одредени процедури за обезбедување и издавање на документите со новото уставно име, изјави техничкиот премиер Џафери.
„Ние ги направивме првите чекори за прашањето за внатре комуницирање и движење безбедно на граѓаните. Во однос на потребите за комуницирање со надвор секако дека се преземаат организациски процедури за да се обезбедат соодветните документи и процедури за издавање на соодветните документи и така како што настапувате јас се надевам дека 650 илјади граѓани истиот ден денес ниту имаат потреба, ниту пак има можност да ја напуштат државата. Така што, сукцесивна работа, навремено и самите граѓани да се најават и да се обратат до подрачните единици на МВР за да можат да покренат постапка за замена на документите“, изјави техничкиот премиер Талат Џафери од Тетово.
Вчера Собранието изгласа законски измени со кои до 31-ви декември 2024-та ќе важат возачките дозволи, а личните карти со старото уставно име, ќе важат и понатаму.
