ДЗР: „Трикафта“ има само за 15 пациенти
За „Трикафта“ Клиниката за детски болести обезбедила 2,9 милиони евра за 2022-ра и 2023-та година. Ревизорите укажале дека е потребно Клиниката, во соработка со Фондот и ресорното министерство, да обезбедат пари за набавка на терапија за сите пациенти...

Пари за набавка на лекот „Трикафта“ има само за 15 пациенти со цистична фиброза, иако се регистрирани околу 140 болни, нотира во извештајот Државниот завод за ревизија.
Клиниката за детски болести обезбедила 2,9 милиони евра за 2022-ра и 2023-та година. Не навлегувајќи во медицинската исправност на одлуките на докторите и не оспорувајќи ја потребата од вклучување на пациентите на соодветна терапија, состојбата со ограничен буџет и ограничен број на пациенти на кои им се дава терапијата, доведува до постоење на ризик од субјективизам при изборот на пациенти кои ќе бидат вклучени на терапија, пишува во извештајот на Државниот завод за ревизија.
Ревизорите укажале дека е потребно Клиниката, во соработка со Фондот и ресорното министерство, да обезбедат пари за набавка на терапија за сите пациенти, за кои има докази дека ги исполнуваат медицинските критериуми.
