Македонија

ГП „Табановце“: Важат само исправите со новото уставно име на државата

13.02.2024 13:25

Без пасоши со новото име на државата, нема заминување од земјава. На полноќ истече одредбата од Договорот од Преспа за валидноста на исправите...

Без пасоши со новото име на државата, нема заминување од земјава. На полноќ истече одредбата од Договорот од Преспа за валидноста на исправите и документите за меѓународна употреба. Од граничниот премин „Табановце“ каде од полноќ неофицијално се вратени неколку лица поради стари патни исправи, известува Елена Георгиевска.