Редовни контроли за намален ризик од карцином на репродуктивните органи
Карциномот кај репродуктивните органи се искачува се повисоко на скалата на предизвикувачи на смртност кај женската популација. Со цел да се намали ризикот, гинеколозите препорачуваат редовен скрининг. На тој начин ќе се избегнат и високите прошоци за лекување на болестите...

Од 80.000 до 120 илјади евра се потребни за лекување на карцином во поодмината фаза кај жената. Нередовното контролирање на репродуктивното здравје е главната причина која доведува до посериозни нарушувања кои подоцна потешко се лекуваат. Ниту една жена или девојка без оглед на возраста во денешно време, не е имуна на се почестите болести, како што се ЦИН еден или два велат гинеколозите.
„Доколку забележат сокрвица веднаш треба да се јават кај својот гинеколог и да се изврши преглед на грлото на матката. Тука може да се забелажат некои воспаленија, што ги викаме ранички, вирусни воспаленија или пак пореметување на бактериолошката флора. Сето ова треба да се констатира и третира со соодветни медикаменти“, вели Нисо Тасев – началник на одделот за гинекологија при Општа болница Куманово.
Годинава на гинекологија во Куманово извршени се осум успешни операции за отстранување на карциномот и тоа претежно биле жени на возраст од 30 години. Пациентките апелираат да се слушаат советите од лекарите и навремено да се лекуваат.
„Млади девојчиња, жени, помлади или постари не е важно дали имаат 60 години, редовно да се испитуваат, затоа што може да дојде до најтешко, до операција како во мојот случај... Доколку не одат редовно на лекар, тогаш е многу потешко да се контролира болеста“, изјавија пациентките згрижени на акушерскиот оддел во Куманово.
Надлежните упатуваат дека важноста од едукација за заштита на сексуалното здравје се најважните превентивни мерки.
Од ФЗОМ информираат дека се превземени мерлки во рамки на своите надлежности, преку избор на матичен гинеколог и спроведување на целите со реализирање на ПАП тест, колпоскопија по индикација на позитивен ПАП тест, како и микробиолошките тестирања.
Габриела Димковиќ
