УХМР

До крајот на неделава стабилно и суво време, со пад на утринските температури

13.02.2024 13:48

Утре ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе биде најизразен долж Повардарието и во источните делови од земјата.

До крајот на работната недела времето ќе биде стабилно и суво, но утринските температури ќе бидат во опаѓање, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе биде најизразен долж Повардарието и во источните делови од земјата.

Времето во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец кој краткотрајно ќе засилува.