Индија

Полицијата во Индија со солзавец се обиде да спречи протест на фармерите

13.02.2024 13:54

Безбедносните сили блокираа неколку клучни точки во градот со бодликава жица и бетонски блокови за да ги спречи во фармерите во намерата да одржат протест....

Полицијата во Индија употреби солзавец за да спречи илјадници фармери да одржат протести во главниот град Њу Делхи, незадоволни од минималните откупни цени на нивните производи.

Безбедносните сили блокираа неколку клучни точки во градот со бодликава жица и бетонски блокови за да ги спречи во намерата. Владата ги прекина и интернет услугите во некои области на соседната држава Харајана, за да ја спречи комуникацијата меѓу демонстрантите.