Политичкото влијание навлезено во сите институции доведува до неспроведување на законите, сметаат од КСС
Во организација на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија се одржа конференција на тема „Влијанието на корупцијата и непотизмот врз реформите, платите и капацитетите на јавниот сектор“...

Поради корупција и непотизам и превработеност во јавниот сектор, платите се пониски, а одредени лица трпат и психофизички тортури на работните места, вели првиот човек на Конфедерацијата на слободни синдикати Ралповски. Додава дека најголем непотизам и корупција има во здравството и полицијата.
Политичкото влијание навлезено во сите институции доведува до неспроведување на законите, сметаат од КСС. Велат потребни се реформи.
Со корупцијата, непотизмот и непрофесионализмот се праќа силна порака до јавноста дека јавната управа не е функционална, бидејќи нема владеење на правото, а со тоа не може да се испорачаат примената на законите и услугите кон граѓаните – беше речено на дебатата.
Александра Спировска
