Кампања за безбедност на мотоциклистите на патиштата
12.06.2014 12:00
Индикаторите за безбедноста на мотоциклистите во сообраќајот на патиштата укажуваат на потребата за преземање на една широка и сеопфатна акција за подобрување на нивната безбедност...

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) ја прогласи неделата од 16 до 22 Јуни 2014 година како Недела за безбедност на мотоциклистите.
Индикаторите за безбедноста на мотоциклистите во сообраќајот на патиштата укажуваат на потребата за преземање на една широка и сеопфатна акција за подобрување на нивната безбедност во сообраќајот, сметаат од РСБСП.
Целта на оваа кампања е подобрување на условите и можностите за рамноправно учество на мотоциклистите во сообраќајот, подобрување на нивната безбедност во сообраќајот, подигање на јавната свест за правилно однесување на мотоциклистите во сообраќајот и подигање на јавната свест кај сите учесници во сообраќајот за почитување на мотоциклистите како ранлива група учесници во сообраќајот.
