СП Бразил 2014

Светот запаѓа во позитивна хипноза!

12.06.2014 12:27

Како во бајките, од вечерва па до средината на јули месец фудбалската магија и виртуози ќе завладеат со светот. 32 горди нации ќе имаат можност да се радуваат и тагуваат со свите селекции...

Почнува во светот полека да се шират вибрациите од татнежот на ерупцијата. Вибрација која едноставно не ќе може да се игнорира. Ерупција чии размери на моќност ќе ја почуствува секој. Го сакале или не фидбалот, следниов еден месец ќе се гледа слуша и зборува за него на секое ќоше од земјинава топка. Единственото можеби нешто кое носи позитивна зависност, Фудбалскиот Мундијал. 
 
Колоритноста, ведрината и веселоста на разиграната земја домаќин Бразил ќе го надополни емотивното лудило. Како во бајките, од вечерва па до средината на јули месец фудбалската магија и виртуози ќе завладеат со светот. 32 горди нации ќе имаат можност да се радуваат и тагуваат со свите селекции.  
 
Отворањето на третата декада на најокупирачкиот спортски настан традиционално ја има земјата и репрезентација домаќин, земјата која можеби на глобално ниво ги влече најголемите симпатии Бразил. Убавината, атрактивноста и силината на првиот меч на светскиот фудбалски собир ќе ја надополни селекцијата во која многумина гледаат сериозен фаворит за подолг мундијалски престој, Хрватска. 
 
Што ќе се запише во бележникот на мундијалската 20 фудбалска станица. Босна и Херцеговина е репрезентација и народ која првпат ќе го почуствува еуфоричниот момент, да се биде во големото друштво. 24 тима ќе бидат истите како и 2010-тата, а Колумбија се вмешува повторно во најпрестижниот глобален настан по 98-та. Светското првенство по 36 години повторно со домаќинлук на Јужно Американска држава. Токму таа, Бразил, е и единствената селекција која има учество на досега 20-те мундијалски турнири.
 
На едно место ќе бидат собрани и 8 светски шампиони. Европа е најбројна со 13 земји учеснички. Дека на стариот континент се игра најдобриот клубски фудбал потврдува и податокот дека дури 75 насто од фудбалерите на светското доаѓаат од евроските клубови, или 563 играчи. Инаку, сеуште можат да се купат билети за 15 натпревари. Досега се продадени 2,9 милиони карти, а до првото тркалање на трвата на популарната БРАЗУКА, се очекува да стигне бројката до 3,1 милион влезници. 
 
Финансиската тежина на матичната светска фудбалска куќа уште еднаш ќе се издемонстрира со мундијалската заработка 4,5 милијарди долари, која ќе биде поделена на своите 209 члена ширум светот, збогатувајќи го нивното банковно конто за 200 илјади долари.  Солидна заработка ќе има и светскиот шампион, 25,7 милиони евра. Влезот во финале значи 18,3 милиони. Третиот на мундијалот ќе заработи напола од најдобриот. Севкупно наградниот фонд во Бразил е зголемен за два милиончиња во однос на  Јужна Африка пред 4 години. 
 
Мега планетарниот настанот во кого милијарда очи ќе бидат вперени, ќе се доживее во 135 земји низ светот благодарение на телевизиската привилегија. Во државава, ексклузивтетот го има единствено Македонската телевизија, со секојдневни преноси од се што нуди Бразилскиот мундијал и спектаклот на 12 стадиони од 64-те натпревари.  
 
Еуфоријата започнува со воведно внесување во магичниот фудбалски свет во 20:40 на прва, за во 21:50 одиме во Сао Пало и премиерата на 20-тотo светско фудбалско случување, Бразил-Хрватска.