МЗШВ
Министерот Николовски за св. Трифун заедно со лозарите од Кавадарци и Неготино
14.02.2024 08:15
Николовски ќе има свое обраќање на закројувањето заедно со Македонски семејни винарии, во селото Марена...

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски по повод празникот св. Трифун, заштитникот на лозарите, ќе биде во посета на лозарите од Кавадарци и Неготино. Николовски ќе има свое обраќање на закројувањето заедно со Македонски семејни винарии, во селото Марена.
Потоа министерот Николовски ќе биде дел од закројувањето на лозјето во винаријата Тиквеш, на лозовите насади во Лепово.
Како што најавија од Министерството, министерот Николовски заедно со лозарите ќе присуствува и на манифестациите по повод св. Трифун во Кавадарци и Неготино.
