Македонија
Се празнува Свети Трифун, денеска се закројува лозјето
14.02.2024 08:31
Овој голем црковен празник се празнува и како ден на виното...

Православните верници го слават христијанскиот празник Свети Трифун. Овој голем црковен празник се празнува и како ден на виното. Денеска се закројуваат лозјата за поголем бериќет и принос, но и се празнуваат љубовта и пријателството ширум светот.
Во повеќето краишта на Македонија, на денот на Свети Трифун рано наутро се одело в црква каде што после молитвата се осветлувала вода. Луѓето со оваа вода потоа ги прскале лозјата.
Во Тиквешкиот регион, рано наутро, лозарите оделе во лозјето, каде закројувале неколку лози кои ги полевале со вино.
