Македонија

Од денеска новите возачки, сообраќајни дозволи и патните листи бесплатни за граѓаните

14.02.2024 08:43

Со владината одлука трошокот паѓа на МВР...

Граѓаните кои од денеска ќе аплицираат за издавање нови возачки и сообраќајни дозволи нема да плаќаат. Со владината одлука трошокот паѓа на МВР. Бесплатни се и патните листови за македонските државјани во дијаспората.

Во странство може да се патува само со пасош со новото уставно име. Со старите лични карти дозволен е влез во Албанија и во Косово. На граничните премини Богородица и Табановце влез само со нови документи, фреквенцијата намалена.

Граѓаните кои не поседуваат пасош со новото уставно име имаат право да побараат писмено образложение зошто не биле пуштени на граница, појаснува министерот за внатрешни работи Тошковски за МТВ. Оптимист е дека до крајот на годината сите ќе имаат нови возачки. Очекува навреме да стигнат и обрасците за лични документи.