Израел-Хамас

Хезболах ќе ги прекине нападите врз Израел само кога ќе престанат борбите во Газа, порача Насрала

14.02.2024 09:06

Хезболах ќе ги прекине нападите врз Израел само ако се договори прекин на огнот во Појасот Газа...

Хезболах ќе ги прекине нападите врз Израел само ако се договори прекин на огнот во Појасот Газа, изјави лидерот на милитантите Хасан Насрала. 

Ги обвини странските посредници кои сакаат да ги смират тензиите во јужен Либан дека им служат на интересите на Израел.

И покрај се поголемиот меѓународен притисок врз Тел Авив, израелските сили не се откажуваат од офанзива врз градот Рафах.