Турција

Свлечиште во рудник во Турција

14.02.2024 09:06

Лизгање на земјиште затрупа рудник за злато во источна Турција. Најмалку десетина рудари се заробени во окното...

Лизгање на земјиште затрупа рудник за злато во источна Турција. Најмалку десетина рудари се заробени во окното.

Не се знае дали се преживеани. Преку 400-тини спасувачки тимови се на терен во обид да ги извлечат. Во тек е и истрага за причините за несреќата во рудникот, во кој се вработени вкупно 667 рудари.

Турската влада веднаш покрена истрага за инцидентот.