Македонија
Спикерот Митрески денеска ќе ги распише изборите
14.02.2024 09:24
Претседателот на Собранието Јован Митрески се очекува денеска попладне да ги распише претседателските и парламентарните избори...

Претседателот на Собранието Јован Митрески се очекува денеска попладне да ги распише претседателските и парламентарните избори. Седмите претседателски избори треба да се одржат на 24-ти април, додека на 8-ми мај ќе се одржат единаесеттите парламентарни избори, коишто овој пат ќе бидат редовни. Доколку има втор круг од претседателските избори, тие ќе се совпаднат со парламентарните избори и ќе се одржат на 8-ми мај.
Според објаснувањата од ДИК, за двата изборни процеси ќе има посебни роковници за спроведување на изборните дејствија.
Партиите пак финишираат со постапките за избор на претседателски кандидат.
