Чиле
Силен земјотрес го погоди Чиле
14.02.2024 09:38
Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот Атакама во централно Чиле, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC)...

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот Атакама во централно Чиле, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случи во вторникот, на 123 километри северозападно од Ла Серена и на проценета длабочина од 30 километри, соопшти EMSC.
Засега нема информации за материјални штети или жртви во овој земјотрес.
