За утре презакажани заклетвата на Коцевски и седницата на Комисијата за транспорт и врски
Свечената изјава на новиот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски пред претседателот на Собранието Јован Митрески наместо денеска ќе се одржи утре, за кога е презакажана и седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија...

Свечената изјава на новиот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски пред претседателот на Собранието Јован Митрески наместо денеска ќе се одржи утре, за кога е презакажана и седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија.
Собранието вчера едногласно со 62 гласа „за“ го избра Коцевски за нов државен јавен обвинител.
Коцевски беше предложен како единствен кандидат за нов државен јавен обвинител откако обвинителката Лидија Раичевиќ не доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, а за обвинителката Фатиме Фетаи, Судскиот совет не се расправаше поради нецелосно доставена документација.
Коцевски е поранешен адвокат, кој во 2008 година бил избран за виш јавен обвинител во Гостивар. Од јануари 2022 година е избран за јавен обвинител во републичкото Јавно обвинителство, меѓу десеттемина обвинители во оваа институција.
