мвр

Претрес во Штип, пронајдени дрога и пиштол

14.02.2024 09:50

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава...

Вчера во 16.40 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода Т.П.(43) и М.П.(74), двајцата од Штип. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и пиштол со рамка со осум куршуми калибар 7,65 мм за кој не поседувале дозвола.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.