Жесток руски напад во Доњецк, има загинати и повредени
Три лица загинаа, а 12 се повредени во напади на руските сили во Селидово близина на Доњецк на истокот на Украина...

Три лица загинаа, а 12 се повредени во напади на руските сили во Селидово близина на Доњецк на истокот на Украина. Погодени девет станбени згради и болница на 20 километри западно од линијата на фронтот.
Според гувернерот на областа Доњецк, стотина пациент се евакуирани од локалната болница. Местото Селидово се наоѓа во околината на Доњецк, област под руска контрола од 2014-та година.
Украина се префрли од офанзивни операции, на стратешка одбрана, изјави генералот Олександар Сирски во интервју за германски ЗДФ. Интервјуто е снимено неколку дена пред претседателот Зеленски да го назначи Сирски за врховен командант на вооружените сили на Украина, на местото на сменетиот генерал Валериј Залужни.
