ИЗРАЕЛ

Расте меѓународниот притисок врз Израел за копнената офанзива во Рафах

14.02.2024 09:55

Израелските воени операции во Рафа, во Појасот Газа, може да доведат до масакр, предупреди потсекретарот на ООН за хуманитарни прашања Мартин Грифитс...

Израелските воени операции во Рафа, во Појасот Газа, може да доведат до масакр, предупреди потсекретарот на ООН за хуманитарни прашања Мартин Грифитс. Од организацијата со повик, Израел да престане да ги игнорира повиците од меѓународната заедница. Израелските одбранбени сили објавија видеоснимка, за која тврдат дека го прикажува лидерот на Хамас Јахја Синвар, во тунел под Газа.

„Ова видео е едно од многуте што ги добивме од 7-ми октомври. Синвар започна војна со Израел, војна што Израел не ја бараше, војна што предизвика огромно страдање и на Израелците и на Палестинците. Додека луѓето од Газа страдаат над земја, Синвар се крие во тунелите под земја под нив, трчајќи како кукавицата со една од неговите жени и деца, а неговиот брат го води патот“, изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската одбрана.

Преговорите во Каиро за примирјето во Газа, во кое учествуваа САД, Египет, Израел и Катар синоќа завршија без резултати. Сепак, страните се договорија да продолжат разговорите за уште три дена, меѓу функционери од пониско ниво.