МВР

Казнети 183 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

14.02.2024 10:24

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 183 возачи, соопшти МВР.

Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 93 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 90 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат, сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.