Скопје
Пожар во „Ист гејт мол“
14.02.2024 10:54
Пред трговскиот центар се присутни противпожарни возила на територијалната противпожарна единица на Град Скопје. Оттаму велат дека пожарот е локализиран. На терен се испратени пет возила кои веднаш интервенирале...

Утрово во еден од рестораните во трговскиот центар „Ист гејт мол“ се запалил вентилациски канал. Пожарот е локализиран, трговскиот центар е евакуиран. Нема повредени, само има материјална штета
Пред трговскиот центар се присутни противпожарни возила на територијалната противпожарна единица на Град Скопје. На терен се испратени пет возила кои веднаш интервенирале.
Од територијалната противпожарна единица најавуваат дека дополнително ќе споделат информации за каква интервенција станува збор.
