ДУИ: Одлуката на Пендаровски е за жалење
Од партијата велат, образложението дека европското знаменце било злоупотребено за усвојување на законот е приказна за мали деца – немале забелешки за содржината туку за процедурата.

Одлуката на Пендаровски е за жалење, реагираат од Демократската унија за интеграција. Од партијата велат, образложението дека европското знаменце било злоупотребено за усвојување на законот е приказна за мали деца – немале забелешки за содржината туку за процедурата.
Според интегративците, довербата на пратениците и граѓаните кои го поддржаа, како и целата битка за отстранување на казината и обложувалниците од нашите училишта и деца, за двојно зголемување на даноците и зголемување на буџетските приходи и отежнување на процедурите за отворање и проширување на индустријата, Пендаровски ја фрли во корпата за отпадоци, ја одбра страната на обложувалниците и казината.
Ние не се предаваме во оваа битка и убедени сме дека пратениците со чиста совест се на страната против казината и обложувалниците – стои во реакцијата на ДУИ.
