Австралија
Силно невреме во Австралија, загина едно лице
14.02.2024 12:25
Стотици илјади жители во австралиската држава Викторија останаа без струја, откако далноводи беа соборени поради лошите временски услови...

Стотици илјади жители во австралиската држава Викторија останаа без струја, откако далноводи беа соборени поради лошите временски услови. Невремето предизвика и пожари. Повредени се петмина пожарникари.
Властите соопштија дека еден маж починал на југот на државата. Некои железнички линии во Мелбурн беа прекинати, а затворени се најмалку 10 училишта и десетици градинки.
Австралиската метеоролошка агенција прогнозираше подобри временски услови за денеска, но предупредува дека сè уште постои ризик од силен дожд и ветер.
