Индонезија

Претседателски, парламентарни и локални избори во Индонезија

14.02.2024 12:27

Спроведувањето на избори е сложена операција бидејќи Индонезија е четврта најнаселена земја во светот и опфаќа три временски зони...

Претседателските, парламентарните и локалните избори во Индонезија. Речиси 205 милиони индонезиски гласачи ќе можат да го дадат својот глас на приближно 800 илјади избирачки места.

Изборите, едни од најголемите во светот, ги обезбедуваат 25 илјади полицајци. Спроведувањето на избори е сложена операција бидејќи Индонезија е четврта најнаселена земја во светот и опфаќа три временски зони.