Фрлена „кашикара“ во скопскиот клуб „Мистик“
12.06.2014 12:35
Нема повредени, а од експлозијата оштетен е инвентарот во објектот...

Во скопскиот ноќен клуб „Мистик“ завчера настанала експлозија од рачна бомба „кашикара“.
Како што соопшти МВР, бомбата ја фрлило непознато лице кое го скршило стаклото од вратата од каде ја фрлило „кашикарата“.
Нема повредени, а од експлозијата оштетен е инвентарот во објектот.
Увид на местото на настанот е извршен и се преземаат мерки за откривање на сторителот.
