Пожарот во „Ист гејт“ локализиран, нема повредени
Од трговскиот центар преку писмено соопштение до медиумите информираа дека техничките служби заедно со пожарникарите го локализрале пожарот и навремено спречиле огнот да не се прошири.

Локализиран е пожарот што избувна утрово во трговскиот центар „Ист гејт“ во Скопје. На најгорниот кат, во делот на рестораните каде се подготвува храна, се запалил вентилациски канал кој ја спроведува пареата. Нема повредени, само има материјална штета.
Од трговскиот центар преку писмено соопштение до медиумите информираа дека техничките служби заедно со пожарникарите го локализрале пожарот и навремено спречиле огнот да не се прошири.
„Согласно утврдените процедури на трговскиот центар за ваков тип ситуации беа активирани системите за заштита од пожар и вработените во трговскиот центар беа евакуирани. Како резултат на навремената реакција на службите нема повредени лица ниту е причинета голема материјална штета. Настанот се случи во време кога трговскиот центар сѐ уште не е оперативен и нема посетители. Во моментов се врши увид за причините од страна на надлежните органи“, се наведува во соопштението од Ист гејт мол.
По завршување на увидот, трговскиот центар ќе продолжи со работа со редовно работно време.
