Џафери- Мишел: Мора да се искористи шансата за членство во ЕУ
Како што соопштуваат од владината прес- служба, претседателот на Европскиот совет нагласи дека претстојниот период е од исклучителна важност за државата, која треба да спроведе европски избори и да го задржи европскиот правец.

Техничкиот премиер Талат Џафери, во рамки на посетата на Брисел, оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. На средбата присуствуваа првиот заменик на претседателот за европски прашања, Бојан Маричиќ, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Како што соопштуваат од владината прес- служба, претседателот на Европскиот совет нагласи дека претстојниот период е од исклучителна важност за државата, која треба да спроведе европски избори и да го задржи европскиот правец.
На средбата биле разменети ставови за поддршката на Европската Унија во процесот на евроинтеграции на Северна Македонија, како и за текот на реформските процеси во земјата кои се од исклучителна важност за напредокот.
