Економија

2023-та година успешна за туризмот, земјата ја посетиле 734.139 странски туристи

14.02.2024 13:20

Според податоците од Државниот завод за статистика, лани во земјава имало вкупно 1.168.730 туристи...

Сè по ковид значи успех за туризмот. 2023-та година била успешна за оваа гранка. Земјата ја посетиле 734.139 странски туристи, и 434.591 домашен турист. Така, според податоците од Државниот завод за статистика, лани во земјава имало вкупно 1.168.730 туристи.

Податоците покажуваат дека во 2023-та вкупниот број на туристи е за 20,6 проценти поголем отколку во 2022-ра година. Притоа, бројот на домашните туристи е речиси ист, односно зголемен за 0,6 проценти, додека бројот на странските туристи е зголемен за дури 36,6 насто.