Македонија
Учениците од Чашка по три месеци се враќаат во училишните клупи
14.02.2024 13:34
Родителите ја бојкотираа наставата поради несогласувања и отворање албанска паралелка во ова училиште. Од утре повторно се враќаат во клупи откако е потпишан договор со Владата...
Три месеци учениците од основното училиште „Тодор Јанев“ од Чашка не одеа на настава. Родителите ја бојкотираа поради несогласувања и отворање албанска паралелка во ова училиште. Од утре повторно се враќаат во клупи откако е потпишан договор со Владата, Министерството за образование, локалната власт и родителите на учениците. Што предвидува тој договор информира Петар Печков, кој разговара со директорката на училиштето, Цвета Пешовска.
