Николовски: Во секторот лозарство и винарство никогаш не било подобро
По повод одбележувањето на големиот празник Свети Трифун кој се слави како закрилник на земјоделците, градините и лозјата, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска присуствуваше на закројување на лозјето и света литургија, во село Марена, кавадаречко...
По повод одбележувањето на големиот празник Свети Трифун кој се слави како закрилник на земјоделците, градините и лозјата, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска присуствуваше на закројување на лозјето и света литургија, во село Марена, кавадаречко. На настанот присуствуваше и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, како и пратеници од регионот, директори на институции, лозари и многу други гости.
Настанот се одржа во заедничка организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Македонски семејни винарии.
„Токму на овој ден кога го повикуваме светиот дух на земјоделскиот заштитник, Свети Трифун, да ги благослови градините, полињата, лозјата и со својата благодет да им даде добро здравје на сите земјоделци, нашите производители на храна, скромни луѓе и многу вредни како што бил и светиот Трифун. Неговото име, Трифун, значи мекост, нежност, посебност. А ова е истовремено типичен опис за карактерот на врвно вино, какви што се нашите, македонските. Ние сме винска земја со многу успешни вински приказни. Вината произведени од грозјето зреено под македонското сонце, во себе носат карактер на посебност, што придонесе ние да бидеме тринаесетти во светот по остварен девизен прилив од извоз на вино. Можеби некому не му е верно, но „Во виното е вистината“, рече министерот Николовски во своето поздравно обраќање пред присутните.
