Нормализирана наставата во Чашка
По бојкотот на родителите поради најавата за формирање на паралелка во која наставата ќе се изведува на албански јазик, иако во населбата Чашка немало жители Албанци, постигнат е договор, бојкотот прекинат. Од есен ново училиште, нов правен субјект во село Бањица. Дотогаш сите ученици ќе учат во училиштето во Чашка...

Учениците се во училишните клупи, во училиштето се слушна детскиот жагор. Сите ученици и вработени, без исклучок, се на настава. Учениците кои посетуваат настава на албански јазик во ОУ „Тодор Јанев“ во Чашка, времено ќе се реализира во постојниот објект, до крајот на учебната година. Со цел совладување на материјалот кој е пропуштен, поради неодржувањето на часовите во изминатиот период, наставата за сите ученици ќе биде по адаптирани наставни програми.
Со решението на горливиот проблем, потпишано од министерот за образование и наука, градоначалникот на Чашка, претставникот на родителите, се вратија одземените ингеренции на градоначалникот за училиштето, како и изградба на нов училиштен објект,
Во периодот од два и пол месеци на бојкот на наставата, имаше тензии во општината Чашка, блокади на влезот во населбата и во училиштето, учениците не посетуваа настава.
Петар Печков
