И Кипар не учествува на глобалниот самит во Лондон поради Македонија
Грчкиот весник „Прото тема“ пишува дека организаторите на Самитот одбиле да го „корегираат“ името Македонија по што Кипар и Грција го откажале соето учество...

Кипарскиот министер за одбрана Христофорос Фокаидис го откажа учеството на Глобалниот самит за запирање на сексуалното насилство за време на конфликт во Лондон поради тоа што нашата земја учествува под уставното име.
Грчкиот весник „Прото тема“ пишува дека организаторите на Самитот одбиле да го „корегираат“ името Македонија по што Кипар и Грција го откажале соето учество.
Добро упатени извори соопштиле дека имало контакти меѓу министерствата за одбрана и за надворешни работи во Атина и Никозија при што било договорено да се заземе заеднички став.
Актерката и амбасадорка на канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) Анџелина Џоли и британскиот министер за надворешни работи, Вилијам Хејг, се домаќини на четиридневниот самит на кој присуствуваат претставници од над 140 држави од светот, меѓу кои и шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.
