Македонија

Во станиците за технички преглед нема метеж, но нема ни налепници

14.02.2024 15:18

Во станиците за технички преглед одлуката на Владата за бесплатни сообраќајни дозволи не важи. За да извадат нова сообраќајна дозвола на кое ќе стои името Република Северна Македонија, возачите се жалат дека сепак морале да платат. Ги нема и редиците од колони во техничките станици...

На хартија бесплатни, на шалтерите чинат околу 1.000 денари. Во станиците за технички преглед одлуката на Владата не важи. За да извадат нова сообраќајна дозвола на кое ќе стои името Република Северна Македонија, возачите се жалат дека сепак морале да платат.

Ги нема редиците од колони во техничките станици, но нема ни налепници. Дел од граѓаните кои дојдоа со возилата беа враќани, а вработените им објаснуваа дека не знаат кога ќе добијат нова пратка од МВР. Ваква беше сликата во Автомотосојузот на Македонија. Граѓаните револтирани бидејќи велат дека ќе бидат принудени да вадат нови регистарски таблички, доколку сакаат да патуваат надвор од државата.

Новите налепници со назнаката „НМК“ можност за екстра профит на интернет продавниците и салоните за автоделови. На социјалните мрежи се продаваат налепници „НМК“ истите како они кои ги издава министерството за внатрешни, а се продаваат за 40 до 50 денари. Од МВР нема одговор дали ќе следат санкции.

 

Викторија Милевска