Македонија

Несогласувања за Законот за игри за срека

14.02.2024 16:00

Движењето Антикоцкање испрати писмо до претседателот Стево Пендаровски, со забелешка дека се разочарани од непотпишување на указот за прогласување на измените во законот за игри на среќа. Воедно според Антикоцкање, со оваа одлука, како што оценуваат, „Пендаровски штити криминал“. Претседателот, пак истакна дела овој Закон мора да оди во редовна процедура и преку расправа треба да се увиди дали тој е добар или лош.

Европското знаме за гласање на Предлог законот за игри на среќа во Собранието е злоупотребено, а тоа ни го укажаа од Европската комисија, вели претседателот Пендаровски, откако вчера не го потпиша Указот на законот кој предвидуваше сите објекти каде се приредуваат игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 500 метри од училиштата.

Јас сум легалист, ако сакаме да одиме во Европа мора да се однесуваме европски, вели Пендаровски, коментирајќи ја неговата одлука.

ДУИ со остра критика за одлуката на Пендаровски. Оттаму коментираат дека образложението за злоупотреба на европското знаменце е приказна за мали деца. Од Движењето Антикоцкање пак, велат дека претседателот легализирал перење на валкани пари, а во име на европските стандарди го штити сомнителниот капитал.

„Тотално сме разочарани, се чувствуваме предадени од вашата преземена одлука за недекретирање на предлог законот за игри на среќа, вашата заштитата на криминалот и криминалците во која се задушени од страста на криминалот и класичниот крабеж што му се прави на граѓанинот“, велат од движењето Антикоцкање.

Одлуката на претседателот ја поздравија од Асоцијацијаците на приредувачи на игри на среќа. Оттаму велат дека ова е уште една потврда оти немало правна основа, а со непотпишувањето на указот се заштитени Уставот и европските вредности.

 

Зоран Димовски